После цел ден шетање и јадење Smile вечерва по многу години пауза, се решив да спортувам заедно со гостиварчани – и беше супер интересно.

Бевме прво до игралиштето што е во основното школо веднаш до ФЕИТ, но за жал идиотите кои го водат тоа школо или незнам кои, ги изгасиле рефлекторите и беше темно. Тоа беше голем проблем за играње на баскет. Пошутиравме по неколку пати сите и решивме да прошетаме до другото игралиште да провериме дали има рефлектори кои за некое чудо би светеле. :Р

Стигнавме но за жал и тие не работеа. Незнам за што служат рефлекторите ако не светат кога е ТЕМНО!!! Глупи луѓе неиживеани! Се решивме да си шутираме и да ашкаме некого каде што за среќа се изјави дека на другата страна од игралиштето има светлина. Сите истрчавме и се до 02:30 играв со сите како порано, што многу ме израдува Smile Баш исто како порано.

Сега седам уморен и истуширан, си слушам музика – па еве една за релаксација зошто ќе ми треба – ЖУРКА ЦЕЛА НОЌ СО МАЈА!