Нешто повеќе…
Хеј! Ако ја гледаш оваа страна значи те интересира што има и кој го пишува блогов. Па вака…
Јас сум Злате, здебелен 21 годишен студент по информатика на ЕТФ/ФЕИТ/ФИНКИ. Моментално уживам во студентскиот живот, па се решив да споделам што повеќе
Роден сум во Велес. Сакам фотографија. Сакам технологија. Сакам и пишување. Но највеќе си ја сакам девојката (малце лигаво звучи ова но таков сум си х) ).
Моментално користам Windows, меѓутоа немам ништо против другите оперативни системи, користам и Ubuntu, Jolicloud… што ќе најдам.
Секојдневно сликам. За тоа користам Flickr и DeviantArt. Па проверете, коментирајте
Исто така работам во интернет списанието eSpace, пишувам статии – најчесто за софтвер и интернет. Можете да ме најдете на:
Па ај поздрав!




апр 26, 2011 @ 11:44:27
Здраво Злате,
Баш убаво што уживаш во студентскиот живот, но гледај тоа да биде од различни аспекти. Велат дека така е најдобро, знаеш колку да се разбие монотонија …
Фотографиите ти се супер, се гледа дека имаш „осет“ за тоа. Само усовршувај се понатаму и на тоа поле, па не се знае што ќе ти треба во животот?
Поздрав,
апр 26, 2011 @ 21:35:32
Хехе, ќе биде се по ред, мора да биде
Поздрав =)